недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Попова: Шилегов ја излажа јавноста, носи одлука за продажба на Градската куќа, какви бизнис интереси се во прашање?

Попова: Шилегов ја излажа јавноста, носи одлука за продажба на Градската куќа, какви бизнис интереси се во прашање?

Петре Шилегов нема проблем да ја излаже јавноста. Впрочем крадоначалникот станува и лажго.  Пред неполна недела тој на новинарско прашање по претходно тврдење на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се продаде градската куќа, негираше дека тоа е точно, истакна Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

-Шилегов изјави „Јас лично не гледам и не препознавам во изминативе две години дека опозицијата креира било каква политика за градот, таквите работи за луѓе кои немаат политика не треба сериозно да ги сфаќате“ – рече Шилегов. Денес како итна точка на дневен ред Шилегов предлага продавање на новоизградената градска куќа. Дополнително се предложија уште 8 дополнителни точки без причина за нивна итност. Поголемиот дел додатни точки се за вработувања покрај постојните 186 за кои требаше да одлучува советот. Значи она на што предупредуваме, а Шилегов го негираше сега се реализира. Значи наместо да гради, Шилегов продава, истакна Попова и додаде:

„Неразбирлива и незаконита е итноста на потребата да се носи ваквата одлука и потребата да се лаже јавноста, освен ако нема силен бизнис интерес за тоа. Притоа Шилегов не даде никакво образложение за причините за продажбата. Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, заедно со целокупната опозиција донесе одлука да ја напушти расправата на седницата на Советот и да не го легитимира бонбона бизнисот на Шилегов. Оттука Шилегов потребно е да одговори:

-Зошто ја лажеше јавноста дека нема да ја отуѓува градската куќа? И Зошто полутајно на шверцерски начин преку злоупотреба на процедури продава новоизградена зграда?

-Кои се мотивите за продажба на градската куќа? И најважното дали однапред се знае кој ќе ја купи оваа куќа?

-Дали е вистина дека зад вакво отуѓување стои нова бонбона бизнис при што ќе ја отуѓи новата градба која беше наменета за градска куќа, и тоа за возврат на неколку децении стара градба?

-Дали зад ваквата бизнис зделка стојат и приватни и лични интереси, со други зборови дали Шилегов принципот „евро за евро“ од Струмица го презема и унапредува среде Скопје?

2 години Петре Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

Коронавирус