петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 79
home Скопје

Полот ќе го одреди името: Познато е машкото име на новото мајмунче во скопската Зоолошка

Полот ќе го одреди името: Познато е машкото име на новото мајмунче во скопската Зоолошка

Зоолошката градина во Скопје вчера доби нов член, мајмунче од родот павијан, попознати како бабуни.

Од Зоолошката за СДК велат дека сѐ уште не знаат дали мајмунчето е машко или женско, бидејќи не се двои од мајката, која постојано го дои.

„Ако е машко, ќе се вика Филип, бидејќи се роди на Св. Филип. За евентуално женско име сѐ уште не сме се договориле“, велат оттаму.

Невообичаена појава е, велат, што одвреме-навреме и таткото го зема и го ниша, за мајката да се одмори.

Последен пат, Зоолошката доби принова во јули годинава, кога се роди албино кенгурчето Арчибалд.

Коронавирус