недела, 26. септември 2021. Вести денес: 91
home Скопје

Полицијата за еден ден казни 149 возачи во Скопје

Полицијата за еден ден казни 149 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, пет за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за некористење сигурносен појас, пет за користење на мобилен телефон, шест за нерегистрирани возила.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Коронавирус