сабота, 10. април 2021. Вести денес: 65
home Скопје

Полицијата во текот на вчерашниот ден казни 245 возачи во Скопје

Полицијата во текот на вчерашниот ден казни 245 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 245 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 39, 35 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за некористење сигурносен појас.

Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол и 69 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Коронавирус