четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 104
home Скопје

Полицијата во Скопје казни 175 возачи – од нив 26 за брзо возење

Полицијата во Скопје казни 175 возачи – од нив 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 90 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

ЕУРО 2020

Македонија