петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 87
home Скопје

Полицијата казни 141 возач во Скопје, 21 возеле брзо

Полицијата казни 141 возач во Скопје, 21 возеле брзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.2021 година) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум мерки за користење на мобилен телефон, три мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, 48 мерки за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.

Коронавирус