среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 33
home Скопје

Полицијата буквално казнува се пред себе: Над 100 казнети возачи на автомобили и мотори за само неколку часа

Полицијата буквално казнува се пред себе: Над 100 казнети возачи на автомобили и мотори за само неколку часа

Санкционирани возачи за брзо возење на автомобили и мотори во Скопје, над 100 казнети

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 27.06.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, откриени се 52 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 36 мандатни платни налози и 22 прекршочни платни налози.

На 27.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што откриени се 20 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци за кои се издадени исто толку прекршочни платни налози.

Коронавирус