сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 56
home Скопје

Пола Скопје без струја: Еве каде утре и задутре ќе нема електрична енергија

Пола Скопје без струја: Еве каде утре и задутре ќе нема електрична енергија

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија, следниве два дена голем број на корисници во скопје ќе останат без струја.

Во текот на утрешниот ден (четврток) без електрична енергија ќе останат:

  • од 09:00 до 11:00 часот, потрошувачите од ул. бр. 9 и ул. бр. 10 во с. Идризово. (Општина Гази Баба)
  • од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Киро Фетак во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
  • од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улиците: Александар Мартулков и Крсте Гермов – Шакир. (Општина Ѓорче Петров)
  • од 12:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Милан Мијалковиќ, ( во околината на куќен бр. 3 ). (Општина Кисела Вода)
  • од 12:00 до 16:00 часот, корисниците од дел одулиците: Балканска и  Жил Верн ( корисниците кои се напојуваат од воздушната мрежа) .  (Општина Кисела Вода)

На ден 12.02.2021 (петок) без струја ќе останат:

 

  • од 08:00 до 15:00 часот, потрошувачите од ул. Лазар Поп Трајков, броеви 25, 27, 29, 31 и 33. (Општина Гази Баба)
  • од 08:45 до 10:30 часот, корисниците од селата: Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Семениште, Паничари, Чајлане и Раовиќ. ( Општина Сарај )
  • од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с. Крушопек. ( Општина Сарај )
  • од 10:00 до 14:00 часот, корисниците  од дел од  од ул. Варшавска. ( Општина Карпош )

 

ЕУРО 2020

Македонија