петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 49
home Скопје

Погледнете во кои скопски кафеани ќе можете да добиете ваучер за такси

Вредноста на ваучерот ќе изнесува 100 денари, а ќе може да се добие со секоја он-лајн резервација направена преку интернет страницата restorani.mk.
Погледнете во кои скопски кафеани ќе можете да добиете ваучер за такси

Скопските кафеанџии ќе даваат ваучери за такси на пијаните гости. Оваа можност е дел од капмањата насловена како „Ги возиме одговорните”, чија што цел е граѓаните да избегнуваат да возат под дејство на алкохол за да не ги загрозат својот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Вредноста на ваучерот ќе изнесува 100 денари, а ќе може да се добие со секоја он-лајн резервација направена преку интернет страницата restorani.mk.

Во триесет скопски угостителски објекти ќе се делат бесплатни ваучери за такси, а ваучерите се дел од проектот на град Скопје, АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата за спречување на сообраќајни несреќи предизвикани од пијанство.

Целата листа на скопски кафеани кои ќе даваат бесплатен ваучер за такси, можете да ја погледнете ТУКА

 

Коронавирус