среда, 23. септември 2020. Вести денес: 59
home Скопје

Поднесен амандман за изградба на нов културен дом во Шуто Оризари

Поднесен амандман за изградба на нов културен дом во Шуто Оризари

Во рамки на Седница на Совет на Град Скопје, денеска се дискутираше за Предлог Буџетот на Град Скопје за 2019 година, каде Советот учествуваше со амандмани во однос на истиот Буџет.

Со свој амандман за изградба на нов културен дом излезе Советникот Ерџан Селими, кој побара да се изгради културен дом во општината Шуто Оризари кој произлегува како дел од изборната програма на градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов, кој вети изградба на еден ваков културен дом во Шуто Оризари, каде културата е на најмаргинализирано ниво.

Меѓу другото советникот Селими истакна дека во општината Шуто Оризари формирани се голем број на културни уметнички организации кои немаат простор и услови каде да ја реализираат својата програма, но и ред други едукативни, уметнички и креативни проекти.

Со исполнување на ова ветување младите Роми ќе имаат реална општествена и културна инклузија, како и ќе им се овозможи на младите да имаат пристап до различни културни содржини, како што се драмските, ликовните, музичките но и ред други културни манифестации, поради што и побара советникот Селими овој амандман да се прифати, со оглед на фактот дека во тековната 2018год. не се реализираше ниту еден единствен проект во општината Шуто Оризари.

Коронавирус