петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 19
home Скопје

Почна протестот за стопирање на увозот на опасен отпад

Почна протестот за стопирање на увозот на опасен отпад

Активисти и граѓани денеска во 15 часот го почнаа протестот пред Собранието во Скопје, поради одложувањето на донесувањето на предлог-законот за изменување на Законот со управување со отпад, со чие усвојување треба да му се стави крај на увозот на отпад како енергент.

Протестот го најави движењето „Петоци за иднината Скопје“ на својот фејсбук-профил. Демонстрантите бараат и средба со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери, со цел да добијат објаснување зошто донесувањето на законот за отпад континуирано се одложува.

Коронавирус