сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 28
home Скопје

Почна 13-та манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце- симбол на Христовото Воскресение“ во Илинден

Почна 13-та манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце- симбол на Христовото Воскресение“ во Илинден

Во Домот на култура „Илинден“ почна 13-та традиционална манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение “.

Сите заинтересирани граѓани, преставници од бизнис секторот, издавачки куќи, научни институции и факултети, ученици кои што сакаат да подарат книги кои ќе бидат наменети за библиотеката во Домот на култура „Марино“, можат да бидат дел од оваа манифестација во периодот од 10:00 до 14:00 часот.

Секој посетител што ќе подари книга со која ќе го збогати библиотечниот фонд, за возврат ќе добие Велигденско јајце.