недела, 15. септември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

По трет пат се одржа турнирот во таеквондо „Илинден Опен“ во општина Илинден

По трет пат се одржа турнирот во таеквондо „Илинден Опен“ во општина Илинден

Под покровителство на Општина Илиден, а во организација на таеквондо клубот „Илинден“, во Спортската сала „Гоце Делчев“ во Општина Илинден се одржа третиот по ред традиционален турнир во таеквондо „Илинден Опен“.

Посакувајќи им добредојде и многу успех на спортистите, турнирот официјално го отвори покровителот на манифестацијата, градоначалниокот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

На овој државен натпревар во дисциплината спортски борби учествуваа 150 натпреварувачи од сите возрасти од 10 клубови, меѓу кои беа и гостите од таеквондо клубот Нерон од Софија, Република Бугарија.

Љубителите на таеквондото имаа можност да присуствуваат на многу квалитетни борби со што уште еднаш се покажа зошто овој спорт последните години е водечки во нашата земја по постигнатите меѓународни резултати.

За најдобрите учесници на овој државен натпревар беа обезбедени соодветни награди и медали, а таеквондо клубот „Илинден“ му додели посебна благодарница на градоначалникот Жика Стојановски за поддршка и особен придонес во развојот на таеквондо спортот во Македонија.