вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 67
home Скопје

Планинарско-велосипедски хепенинг „Почни со Водно“

Планинарско-велосипедски хепенинг „Почни со Водно“

Планинари, велосипедисти, рекреативци и сите љубители на природата, се поканети на планинарско-велосипедски настан „Почни со Водно“ што ќе се одржи вечер во организација на Амбасадата на Република Словачка во Скопје и планинарското друштво „I Love Hiking”.

Стартот е во 18.30 часот пред основното училиште „Кочо Рацин”, а учесниците ќе можат да се искачуваат до врвот на Водно заедно со планинарите или со велосипедистите.

Организаторите најавуваат дека за сите што ќе стигнат до врвот на Водно, ќе има подготвена храна, словачки пијалок, како и добра забава.