петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Скопје

Петре Шилегов со лаги, манипулации и празни ветувања за Чаирчани

Петре Шилегов со лаги, манипулации и празни ветувања за Чаирчани

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во дадено интервју на 2 Февруари 2018 година, за порталот www.zaman.mk, каде што потенцира дека веќе има проекти за изгрдаба на два кружни текови, едниот кај маркетот Веро на улицата Цветан Димов и улицата Џон Кенеди, а вториот кај поликлиника Чаир на улицата Втора Македонска Бригада и улицата Ќемал Сејфула.

Овие ветувања на Шилегов суште не се влезени во процедура за проектирање, а најамалку за реализација, граѓаните на Општина Чаир се повторно изманипулирани и излажани. Наместо тоа изграден е кружен тек на улицата Ферид Мурати во Топанско поле, кој не одговара на сообраќајните прописи, ниту има некоја помошна улога во олеснување на сообраќајот во овој дел од Чаир, туку напротив го отежнува движењето и на учесниците во сообраќајот и на пешаците.

Уште еднаш го повикуваме Грдоначалникот на Град Скопје да започне со релаизација на инфраструктурните објекти во нашата општина, односно да превземе активности за олеснување на движењето во сообраќајот на бул.Крсте Мисироков, ул.Цветан Димов, ул.Џон Кенеди, ул.Македонско Косовска Бригада и уште многу други сообраќајници кои постојано се во сообраќаен хаос, а тоа е поради нереализирање на ниту едно од ветувањата од неговата изборна програма во делот на катни гаражи во овие населени места, неработата на службите за отстранувње на непрописно паркираните возила од коловизите на посочените улици, непроширување на капацитетите на овои улици и булевари.Почитувани, со еден збор Чаир е заборавен од градските власти, заклучи координаторот на Советничаката група на ВМРО-ДПМНЕ од Чаир Ѓоко Велковски.

Уште еднаш ќе повториме и ќе потсетиме дека успеавте да ги изманипулирате граѓаните во Чаир за да го дадат гасот за вас и вашата политичка партија, меѓутоа ние како жители во општина Чаир сме свесни што све НЕ направивте и бидете сигурни дека немате никаква поддршката кај граѓаните во Чаир, а истото ќе го видите на престојните предверемени парламентарни избори каде што вие и вашата политичка партија СДСМ ќе доживеете пораз, заклучи советникот Ѓоко Велковски.