петок, 18. септември 2020. Вести денес: 163
home Скопје

Пензионери со штрафцигер ги крадат полначите за телефони од новите автобуси на ЈСП „Скопје“

Пензионери со штрафцигер ги крадат полначите за телефони од новите автобуси на ЈСП „Скопје“

Граѓани опремени со штрафцигери се обидуваат да ги украдат полначите за телефони кои ги има во новите автобуси на гас на ЈСП „Скопје“. Откако 33 автобуси беа пуштени во сообраќај секојдневно во нив има контроли во цивилка кои проверуваат дали патниците ги уништуваат возилата, пишува СДК.МК.

Досега биле фатени четворица граѓани како се обидуваат да ги украдат полначите.

„Еден од патниците кој го фативме како со штрафцигер сака да ги извади полначите кои се вградени во држачите, беше 72-годишен пензионер. Во сите четири случаи навремено интервенираа контролорите и не дозволија уништување на дополнителната опрема во автобусите. Случаите се пријавени во Министерството за внатрешни работи. Навистина не ни е јасно зошто ги вадат и крадат, кога тие потоа никако не можат да се користат“, велат од ЈСП „Скопје“.

Целата сторија на СДК.МК.

Коронавирус