сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Патувањето на Шилегов во Атина не го реши загадувањето, скопјани повторно се гушат

Патувањето на Шилегов во Атина не го реши загадувањето, скопјани повторно се гушат

Предизборните ветувања на градоначалникот Петре Шилегов сепак не го решија проблемот кој скопјани го имаат со загадувањето. Не помогнаа ниту пак патувањето на Шилегов во Атина каде наводно разменуваше искуства во работењето на локалната самоуправа.

Воздухот во Скопје и вчера вечер повторно беше алармантно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот покажаа дека измерените концентрации на опасните честички се неколку пати дозволениот минимум. Повторно во Лисиче беше најзагадено  каде количината на ПМ 10 честички достигна и до 250 mg/m3.

Ситуацијата со загадениот воздух повеќе од четири месеци е алармантна. Болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми, а особено најпогодени од загадениот воздух се дечињата кои ја наполнија Детската клиника за белодробни заболувања.

Имено опозицијата во прес конференцијата која ја одржи за првите 100 дена работа го обвини градоначалникот дека за 100 дена работа на Шилегов цели 25 дена не присуствувал на работа поради службени патувања наместо да ги решава проблемите и барањата на граѓаните.

Коронавирус