Паркот пред зградата во која работат Градежен факултет и Архитектонски факултет ќе биде отворен за сите граѓани, особено за студентите и корисниците на библиотеката „Браќа Миладиновци“.
Ова е предвидено со потпишаниот меморандум за соработка меѓу Градот Скопје, Архитектонски факултети и Градежниот факултет во кој Градот се обврзува целосно да го оплемени просторот, односно да го уреди паркот, а факултетите да го одржуваат.
Целта е унапредување и заштита на животната средина и разубавување на урбаниот лик на Скопје, што ќе овозможи, развивање на општествената свест за значењето на животната средина и зачувување на природата.
МИА
loading...