сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 47
home Скопје

„Пајакот“ собрал 88 возила, еве колку лица се казнети за непрописно паркирање во Центар

„Пајакот“ собрал 88 возила, еве колку лица се казнети за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26.07. до 01.08.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 88 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 67 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, велат тие.

 

 

 

Коронавирус