среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Скопје

Пајакот со “полни раце“ работа: Изминатата недела санкционирани 259 непрописно паркирани возила

Пајакот со “полни раце“ работа: Изминатата недела санкционирани 259 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата недела санкционираа 259 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот

Во периодот од 19.08. до 25.08.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 133 непрописно паркирани возила, од кои две (2) несовесно паркирани возила на места наменети за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 126 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.