петок, 24. септември 2021. Вести денес: 130
home Скопје

„Пајакот“ со полна пареа собира возила во Центар, еве колку се санкционирани за една недела

„Пајакот“ со полна пареа собира возила во Центар, еве колку се санкционирани за една недела

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 163 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 19.07. до 25.07.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 69 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, велат тие.

 

Коронавирус