среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Скопје

Отворен изборниот штаб на д-р Оливер Зафировски во Карпош (ФОТО)

Отворен изборниот штаб на д-р Оливер Зафировски во Карпош (ФОТО)

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош преку својата официјална Фејсбук страница ја информираше јавноста дека денеска фво 11:00 часот се отвори неговиот изборен штаб и ги повика граѓаните да ја разгледаат неговата програма.

– Денеска, во 11:00 часот го отворивме мојот изборен штаб. Сакам да се заблагодарам на присутните за целата досегашна поддршка. Ве повикувам сите да ја разгледате програмата. Меѓу предвидените проекти ветивме пет катни гаражи, две народни кујни, нова градинка, многу нови зелени површини, мерки против аеро загадувањето и подобра и поздрава животна средина. Ќе создадеме нова иднина за карпошани! Ве поканувам да го посетите мојот изборен штаб кој се наоѓа на Бул. 8-ми Септември бр. 3, пишува тој.

Коронавирус