сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 49
home Скопје

Отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот

Отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот

Во рамки на активностите за зголемување на транспарентноста во работењето, Град Скопје организира отворен ден во Центарот за управување и контрола на сообраќајот.

Граѓаните в сабота, од 10 до 14 часот, ќе можат да дојдат и да се запознаат со начинот на работа на овој центар, кој е лоциран во просториите на Меѓуградската автобуска станица.

Сите заинтересирани кои ќе сакаат да го посетат Центарот за управување и контрола на сообраќајот треба да се пријават до петок, до 15 часот на телефонскиот број 02/3297-265 или по пат на електронска пошта на адресата [email protected]

Центарот за управување и контрола на сообраќајот ќе можат да го посетат само лица кои се пријавиле. Посетите ќе се организираат во групи од по 10 лица, а посетителите треба да имаат документи за идентификација и пред посетата ќе треба да потпишат изјави за доверливост на информации.

Фотографирање во Центарот за управување и контрола на сообраќајот е забрането.

Градските власти потсетуваат дека постои можност, поради безбедносни причини, посетите ненајавено да бидат прекинати.