сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 82
home Скопје

Острови од пластика го „красат“ Вардар во центарот на Скопје, Шилегов ништо не превзема

Острови од пластика го „красат“ Вардар во центарот на Скопје, Шилегов ништо не превзема

Не е прв пат високиот водостој на Вардар да го исфрли на површина сето ѓубре што со себе го влече уште од погорните текови. Она што луѓето го фрлаа во него реката им ја го враќа назад уште при првите врнежи дожд. Деновиве состојбата ескалираше во центарот на Скопје каде што огромни купишта пластика се насобраа околу галиите во коритото на реката и под мостовите.

Потрагично е тоа што ѓубрето со денови стои таму и никој не го расчистува па претставува лош призор за многубројните минувачи од кој поголем дел се туристи кои деновиве го посетуваат нашиот главен град.

– Ова е сликата на нашата држава, на народот кој живее тука. Институциите спијат иако се избрани да ги решаваат ваквите проблеми. Зарем во центарот на главниот град треба ова да се гледа? Странците што доаѓаат го фотографираат ова и сликите кружат низ цел свет. Дали сме свесни дека се срамиме себе си и идните генерации ? Надлежните под итно да преземат нешто! – вели К.Т. жител на Центар

Извор: skopjeinfo.mk

Фото: skopjeinfo.mk