среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Сарај ги ослободува од општински даноци поранешните војници на УЧК

Општина Сарај ги ослободува од општински даноци поранешните војници на УЧК

Сите поранешни војници на Ослободителната народна армија, кои се жители на општина Сарај, се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај. Таквата одлука денес ја донесе Општинскиот совет во Сарај. Таквата одлука е ветување на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, каде што беше и дел од изборната програма.

Општина Сарај сега ќе формира соодветна комисија за да ги регистрира сите поранешни војници на ОНА и да им ја подели одлуката дека се ослободени од комуналните давачки на ЈКП “Сарај”, во општина Сарај.

Таква одлука каде поранешни војници на ОНА се ослободуваат од давачки за прв пат се реализира во општина Сарај, како што велат со една ваква одлука се почитува славното националното минато на Албанците во Македонија и го институционализира историското минато на локално ниво.

На состанокот на Советот на општината, исто така се донесе и ребалансот на буџетот, каде што скратени се некои трошоци, регулирање на Деталниот урбанистички план за производствен комплекс со Г2 лесната индустрија во Кондово, со што општина Сарај, се фокусира на економскиот развој во областа Кондово.