понеделник, 20. јануари 2020. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Кисела Вода во среда тајно и нетранспарентно без никаде да објави организира јавна презентација на ДУП-от

Општина Кисела Вода во среда тајно и нетранспарентно без никаде да објави организира јавна презентација на ДУП-от

Општина Кисела Вода во среда тајно и нетранспарентно без никаде да објави организира јавна презентација на ДУП-от, ова преку статус на Фејсбук информираат дел од жителите на оваа населба.

-Тајно и нетранспарентно, без никаде да објави, залепи известување на влезови или информира, Општина Кисела Вода во среда во 12ч. организирала јавна презентација на ДУП-от. Напикаа згради на секое делче од слободната земја, иако повеќе пати бевме и молевме, аргументиравме, поднесувавме официјални барања за зеленило, за основни услови за живот. Карши училиштето Кирил Пејчиновиќ, каде што првин почнаа да градат црква, потоа парк, сега е вцртана седумкатница зграда со 100 стана. На ќошот кај Мечкаров исто така, и на сите слободни места. Затоа, како граѓани од денеска се организираме со собирање потписи, петиции, по згради и пунктови. Ќе продолжиме со протести, човечки штитови да го браниме правото на #живот и животна средина. Не сакаме да живееме како примитивци и нема да дозволиме властите да прават фавели и сламови од делови од градот, стои во статусот на Дарко Чекеровски.