четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 114
home Скопје

Општина Кисела Вода одбележа 63 години од постоењето

Општина Кисела Вода одбележа 63 години од постоењето

Општина Кисела Вода денеска одбележа 63 години од постоењето.

На новороденчињата им беа доделени ваучери во вредност од 6.000 денари, а најталентираните ученици од основните училишта добија награди за постигнатиот успех на полето на науката, спортот, културата и уметноста.

Беше одржана и свечена седница на Советот на општината на која градоначалникот Филип Темелковски посочи дека огромна е листата на проекти кои и се потребни на општината.

– Пред околу осум месеци, граѓаните ни ја дадоа својата доверба да раководиме со нивните потреби, да ги креираме приоритетите и на тој начин да создадеме урбана и современа општина по мерка на сите нејзини жители. Огромна е листата на проектите што му се потребни на овој дел од градот, на она што е реална потреба на овој реон. И со задоволство можам да истакнам дека уште од првиот ден се зафативме со енергична, одлучна, планска и посветена работа, според Програмата што ви ја понудивме со поддршка од централната власт и Град Скопје. Веќе се отпочнати и реализирани бројни проекти од сите области – од комуналната инфраструктура, урбанизмот, образованието, културата, спортот, рече Темелковски.

Беа доделени и награди и плакети на најдобрите наставници, воспитувачки, општествено одговорни компании и спортски друштва