петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 49
home Скопје

Општина Кисела Вода контра жителите од улицата „Лазар Димитров“: На улицата се работи и оваа недела

Општина Кисела Вода контра жителите од улицата „Лазар Димитров“: На улицата се работи и оваа недела

Општина Кисела Вода до нашата редакција испрати реакција на текстот во кој е пренесено писмото на жителите од улицата „Лазар Димитров.

-Имено, секогаш кога изведуваме градежни активности, внимаваме истите да бидат квалитетно изведени со цел, нашите жители да добијат целосно сработени и трајни проекти, за што понекогаш треба малку поголем временски интервал. Конкретно, за улицата “Лазар Димитров”, паралелно со нашите активности, се работеше и на регулирање на подземната ифраструктура од страна на ЈП “Водовод и канализација”. Ова нешто се прави пред асфалтирање на улицата за потоа да нема раскопување на реновираната улица. Ве информираме дека нивните активности завршија минатата недела. Паралелно, активностите на локалната самоуправа не сопреа и во истиот период Општина Кисела Вода работеше на други улици каде имаше потреба од вакви или слични градежни зафати.

Најостро ги демантираме изнесените тврдења дека буџетот наменет за асфалтирање е потрошен, за што е доказ тоа што работите на гореспоменатата “Лазар Димитров”, продолжуваат од оваа недела. Се надеваме дека нашата реакција ќе биде пренесена во целост на вашиот портал за жителите од овој дел на градот да ја имаат вистинската и точна слика за работата на Општина Кисела Вода, се вели во реакцијата на Општината.

Писмото на жителите од улицата „Лазар Димитров“ кое го објавивме може да го прочитате ТУКА.