недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Скопје

Општина Карпош се огласи за состојбата со појава на шуга во основно училиште

Станува збор за дечиња кои доаѓаат од исто семејство, брат и сестра, при што едното било заразено од шуга, а другото дете поради превентивни причини не посетува настава.
Општина Карпош се  огласи за состојбата со појава на шуга во основно училиште

Општина Карпош ја следи состојбата во основното училиште „Владо Тасевски“, во врска со случајот на појава на шуга кај двајца ученици.

Станува збор за дечиња кои доаѓаат од исто семејство, брат и сестра, при што едното било заразено од шуга, а другото дете поради превентивни причини не посетува настава.

-Веднаш по пријавата на овој случај, Центарот за јавно здравје по службена должност излезе на терен и направи прегледи кај учениците од двете одделенија. По извршените медицински прегледи, констатирано е дека кај другите ученици нема појава на шуга. Исто така, преземени се мерки на дезинфекција и дезинсекција, за целосна заштита на учениците и спречување на ширење на заразата во просториите на училиштето. Како резултат на појавата на шуга, известени се и матичните лекари од подрачјето на населбата Козле, кои преземаа мерки за интервентни прегледи на останатите ученици. Во овие моменти, состојбата е стабилна и нема нови случаи на појава на шуга кај други ученици, се наведува во соопштението на општината.

Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и Одделението за образование, останува во постојана координација со раководството на училиштето, со родителите, Министерството за образование и наука и здравствените установи, со цел да овозможи заштита на учениците во ООУ „Владо Тасевски” и нормално следење на наставниот процес.

Коронавирус