вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 70
home Скопје

Општина Илинден за Водици организа фрлање на крстот во Белви

Општина Илинден за Водици организа фрлање на крстот во Белви

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со свештениците од црквата „Св. Константин и Елена“, ќе oрганизира положување на крстот во езерото на хотелот Белви, во населба Илинден.

-За таа цел се повикуваат граѓаните на ден 19.01.2020 г. (недела) со почеток во 12:00 часот, да присуствуваат на оваа манифестација и заеднички да го одбележиме овој голем ден за сите христијани, соопштија од Општината.

Сите заинтересирани што сакаат да учествуваат во фаќањето на крстот можат да се пријават во просториите на црквата „Св. Константин и Елена“ во населба Илинден.