недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Општина Илинден континуирано ја подобрува локалната патна инфраструктура- се градат патишта, улици, мостови, пешачки и велосипедски патеки

Општина Илинден континуирано ја подобрува локалната патна инфраструктура- се градат патишта, улици, мостови, пешачки и велосипедски патеки

Во рамките на реализацијата на проектот Изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта во Општина Илинден, по комплетната рехабилитација и реконструкција на локалниот пат Кадино-Клучка Автопат А4, во должина од 1600 метри, извршена е санација и асфалтирање на два крака на улица „10“ во Кадино во должина од 500 метри. Во истото населено место извршена е санација и асфалтирање на крак од улица „3“ во должина од 170 метри, како и крак на улица „12“ во должина од 50 метри.

Во населено место Миладиновци извршена е санација и асфалтирање на на улица „1“ крак 1 во должина од 200 метри, како и улица „4“ крак 1 во должина од 140 метри.

Во населба Илинден извршена е санација и асфалтирање на крак 2 на уклица „2“ во должина од 625 метри и крак 1 од истата улица во должина од 120 метри.

Во тек се подготовки за санација на пристапниот пат до црквата во Миладиновци во должина од 700 метри, како и санација на крак на улица „7“ во населба Илинден, покрај гробиштата, во должина од 400 метри.

Во насока на обезбедување подобри услови за живеење и стопанисување, Општина Илинден континуирано работи на подобрувањето и модернизирањето на локалната патна инфраструктура којашто на територијата на Општината се протега во должина од 306 километри, односно на изградбата на патишта, улици, изградбата на мостови, пешачки и велосипедски патеки.