сабота, 28. март 2020. Вести денес: 32
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

„Општина Ѓорче Петров оваа година за жал се откажа и од Водици“

„Општина Ѓорче Петров оваа година за жал се откажа и од Водици“

Вчера, на големиот празник Водици, преполно со верници во Хром и во Волково. Луѓе, верници, исчекување, возбуда и радост. Се случува еднаш годишно и скоро и да нема верник кој е рамнодушен на овој празник. Сакаме да искоментираме една ситуација која се зборуваше вчера низ присутните на двата настани и за која неколкумина ни се обратија и во инбокс, пишува на ФБ страната Ѓорче Петров.

Имено за прв пат сите овие години покровител на настаните на двете места, Хром и Волково, НЕ БЕШЕ општината Ѓорче Петров. Општината овој пат за жал се откажа и од Водици. Ниту имаше присутен преставник од општината (градоначалник или сл.) ниту некој ги даруваше среќните фаќачи со традиционалните подароци.

Тотално игнорирање на овој свет настан.

Утринава полни се насловите на медиумите за вчерашниот настан и кои се фаќачите на крстот и скоро без исклучок е пренесено дека покровител се општините и дека градоначалникот на таа и таа општина го дарувал среќниот фаќач со дар кој ги претставува и граѓаните. Во Ѓорче Петров тоа годинава не беше случај.

Се прашуваме, дали има друга општина во Република Македонија со ваков срамен пристап и постапка ?
Секој ќе има различни реакции за оваа тема, лично или политички инструирани. Како личност градоначалникот може да го почитува или да не го почитува овој настан, ама бројката на верници што беше присутна на овие настани укажува на тоа дека мнозинството од граѓаните во општината го почитуваат.
Тие граѓани плаќаат данок и општината се финансира од нивни пари, согласно на тоа најмалку што заслужуваат е нивните пари да се искористат за покровителство на овие настани кои го обединуваат народот.

А тој е избран меѓудругото и за тоа, да ги претставува граѓаните. Која е пораката што сакаат да ја испратат со неприсуството и неподдржувањето на ваквите настани ? Која е поентата на сето ова однесување ?

Се надевам некој дека ќе се освести и ќе ја крене главата од партискиот ”смог” кој ги има до таа мера зафатено што веќе им се има заматено и реалниот поглед на животот.

Ваквите срамни постапки не водат кон ништо подобро, напротив дополнително го делат народот.