петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 199
home Скопје

Општина Гази Баба го одбележи Денот на победата над фашизмот

Општина Гази Баба го одбележи Денот на победата над фашизмот

Денес 09.05.2022 година, по повод Денот на победата над фашизмот, општина Гази Баба органзираше положување свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во населба Ченто.

За положувањето, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

„Одбележан 9ти Мај, Денот на победата над фашизмот!

Утрово положивме свежо цвеќе и оддадовме почит пред споменикот на Методија Андонов Ченто по повод 9ти Мај, Денот на победата над фашизмот.

Чествувајќи го денот на победата над фашизмот испраќаме порака за мир и оддаваме почит на сите жртви во борбата против фашистичкиот окупатор.

Вечна слава и почит на сите загинати за слободата на Република Македонија.

Никогаш да не се заборави и никогаш да не се повтори!

Пред споменикот свежо цвеќе положија делегација на општина Гази Баба, делегација на Советот на општина Гази Баба, делегации на Месни и Урбани заедници и делегација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба“, напиша Стефковски.

Пред споменикот свежо цвеќе положија: делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски, делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателката Дијана Илиевска, делегации на Месни и Урбани Заедници, како и делегација на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба.

Коронавирус