недела, 5. декември 2021. Вести денес: 89
home Скопје

Општина Чаир: Близу 20.000 евра парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Општина Чаир: Близу 20.000 евра парична помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Советот на општина Чаир денеска на вонредна седница одлучи да им се додели парична помош на семејствата чии роднини го загубија животот во трагичната несреќа што се случи завчера во Бугарија.

Советот едногласно ја одобри одлуката средствата предвидени за украсување на територијата на општина Чаир за новогодишните празници да бидат распределени за семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија.

-Тоа значи дека од сметката 425990, програма Е0 одбиваме 1.200.000 денари и истите ги додаваме на сметката 412110 програма А0, постојани резерви, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Советот на општината формираше и комисија со претставници од сите партии во Советот на општина Чаир и еден вработен од општинската администрација кои ќе одлучуваат за распределбата на овие средства.

-Се надеваме дека со овој наш денешен чин ќе придонесеме во ублажување на болката на членовите на семејството кои ги загубија своите роднини во трагичната несреќа.

Нека им е лесна земјата на оние што ги загубија животите, а нивните роднини, пријатели, колеги нека живеат и нека се сеќаваат на нив, изјави Ганиу.

Коронавирус