четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 121
home Скопје

Општина Центар го затвори градилиштето на „Беко“

Општина Центар го затвори градилиштето на „Беко“

Општина Центар го затвори градилиштето на зградата на поранешно „Беко“. Општината донесе решение за затворање на градилиштето и околу него постави ленти и знак ‘затворено од градежна инспекција‘, пишува СДК.МК.

„Ние на инвеститорот пред три недели му издадовме решение за престанок со градба. Но, и покрај таквото решение во градилиштето постојано имаше работници. Со ова решение за забранува влез на објектот. Доколку биде прекршена оваа забрана инвеститорот и изведувачот ангажиран од него ќе добијат кривична пријава“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Зградата на поранешно „Беко“ иако нема дозвола од Општината досега се градеше. Откако беше урнат стариот објект бидејќи според инвеститорот била нарушена статиката, почна да се копа јама и да се ставаат носечки столбови во неа. Од Општина Центар тогаш за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека на терен не се гради туку се заштитува просторот од подземни води. Но, пред еден месец објектот доби и втора плоча, по што конечно Општината донесе решение за затворање на градилиштето.