вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 153
home Скопје

Општина Центар ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО)

Општина Центар ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО)

Општина Центар се одлучи да ги исече до корен јапонските цреши кои цветаа секоја пролет во Скопје и го разубавуваа центарот на градот.

Станува збор за 13 стебла на цреши кои се наоѓаат на пешачката улица Максим Горки.

Негативните коментари веднаш започнаа да се шират на социјалните мрежи, како и револтот и разочараноста на граѓаните кон надлежните расте.

Познатиот режисер Владимир Милчин, пак, го изрази својот револт на фејсбук.

–Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа…, напиша Милчин.