понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 40
home Скопје

Општина Центар донираше по повод празникот Курбан Бајрам

Општина Центар донираше по повод празникот Курбан Бајрам

– На 137 семејства од муслиманска вероисповед од Маџир Маало, Крњево и Кале им поделивме пакети со прехрамбени производи и им го честитавме претстојниот Курбан Бајрам. Задоволство беше да се посетат семејствата во нивните домови и да се биде дел од нивните празнични подготовки – објави градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.