вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 38
home Скопје

Општина Аеродром се огласи по скандалот во градинката „Буба Мара“

Општина Аеродром се огласи по скандалот во градинката „Буба Мара“

По информациите што излегоа во јавноста дека во градинката „Буба Мара“ во Ново Лисиче две негувателки несоодветно се однесувале кон децата, општина Аеродром веднаш се обрати во детската градинка, кадешто потврдија дека се преземени сите мерки за расчистување на случајот.

Реакцијата на општината, ја пренесуваме во продолжение:

Притоа, според Протоколот за постапување во случај на инцидент се земени изјави од родителите и од вработените, по што е направен и записник од страна на психологот во градинката.

Исто така, најавена е и вонредна инспекција од Секторот за инспекцски надзор за детска заштита при Министерството за труд и социјална политика.

Општина Аеродром најстрого осудува секаков вид насилно и несоодветно однесување кон децата и е посветена на целосно расчистување на овој случај.