недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 11
home Скопје

Ок на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Три години поминаа откако СДСМ ја превзема локалната власт, нема ништо од најавуваниот ,,Живот за сите во Гази Баба,,

Ок на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба: Три години поминаа откако СДСМ ја превзема локалната власт, нема ништо од најавуваниот ,,Живот за сите во Гази Баба,,

Со денешното соопштение сакаме уште еднаш ја разобличиме најголемата измама која им се случила на граѓаните од општина Гази Баба наречена „Живот во Гази Баба! За сите“. Во предизборната програма на Борче Георгиевски од 2017 година тој напиша, цитирам: „Да не дозволиме стрелките на часовникот да продолжат да вртат назад! После 3 години негов мандат како градоначалник времето во нашата општина се врати назад, Гази Баба повеќе не личи на скопска општина. Туку на зафрлена касаба препуштена на негрижа, стои во соопштението на Ок на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

За време на локалните избори во 2017 година, неговиот лидер Зоран Заев ветуваше одговорна и домаќинска власт свртена кон потребата на граѓаните. Фактите говорат нешто сосем спротивно. Граѓаните беа прелажани и изманипулирани како никогаш до сега откако постои локална самоуправа во Гази Баба. Да почнеме со една од најколосалните лаги а тоа гасификацијата која амбициозно ја вети. Слушнал ли денес некој градоначалникот да ја спомене?

Понатака ги нема ветените булевари за поврзување на општина Гази Баба со општина Бутел, велосипедистите и рекретивците беа излажани дека ќе бидат изградени велосипедска и пешачка патека од мостот „Близнаци“ до населено мето Идризово.

Борче Георгиевски толку се внесе во своите лаги што дури вети дека Скопска Црна Гора ќе биде прогласена за национален парк, до денес од тоа нема ништо. Граѓаните прашуваат што се случи со субвенционирањето на енерго-енергетските фасади за кој рокот за реализација истекува.

Георгиевски пред 3 години одеше од врата на врата во урбаните и месните заедници и ветуваше низа проекти.

Па така во населба Ќерамидница на жителите им ветуваше неколку клучни проекти: автобуска линија, училиште и градинка, изградба на атмосферска и фекална канализација. Откако ја превзеде локалната власт тој нема реализирано ниту еден од овие проекти. Слично беа прелажани и граѓаните од урбана заедница Железара со ветувања за изградба на фекална и атмосферска канализација, уредување на паркот, уредување на кружниот тек со нови содржини. Доволно е само да минете во тој крај и ќе забележите дека нема никакви активности. Пензионерите од оваа населба останаа разочарани бидејќи не го добија новиот ветен клуб – просторија за дружење.

Ситуацијата во големата урбана населба Автокоманда е скандалозна по последните обиди на градоначалникот да го донесе ДУП во интерес на тесен круг на соработници и бизнис партнери. Најавената изградба на поликлиника остана мртво слово на хартија а наместо нови зелени површини и паркови, постоечките се уништуваат. Алармантно во оваа населба е бучавата и сообраќајниот метеж кои очигледно се невидливи за локалните власти на СДСМ. Борче Георгиевски и неговата партија беа казнети на последните изборни циклуси во Стајковци со право бидејќи ги измами своите сограѓани со многу ветувања кои не се ни почнати како: изградба на спортско-рекреативен центар, изградба на одводен канал од 1200 метри на една од улиците и многу други. Урбаната заедница Крсте Мисирков како и другите средини пак е целосно е избришана од приоритетите на СДСМ во Гази Баба.

Георгиевски многу пати го потенцира соживотот но прашуваме што тој направи за урбаната заедница Ченто и селото Синѓелиќ каде што живеат граѓани од повеќе националности. Господине градоначалник каде ви е новата детска градинка, зошто не им го организирате превозот на децата од Камник до училиштето „25 мај“? Урбаните заедници Маџари 1 и Маџари 2 се конкуренти за едни од најзапоставените населби во општината. Ветените катни гаражи, тротоари и катни гаражи ќе останат само еден спомен како се манипулираат гласачите.

Незадоволството на младите од урбаните заедници Хиподром и Јане Сандански е големо поради неисполнетото ветување за изградба на базен и доуредување на две спортски игралишта. Најавениот водоснабдителен објект во Страчинци не е ниту отпочнат. Нема цевководен систем од м.в. Калеш Мара и изградба на нов резервоар од 150 м3 во руралната заедница Раштак. Планираната изградба на индустриска зона во Инџиково беше адут за време на локалните избори на Борче Георгиевски а воедно и голема лага. Фекалните и атмосферските канализации во руралните средини не се започнати, нешто е незамисливо за времето во кое живееме. Со еден збор Општина Гази Баба 3 години стагнира и не превзема ништо конкретно за населените места и подобар живот на граѓаните.

Долг е списокот на убави фрази и нереализирани проекти од програмата на СДСМ и нивниот градоначалник. Ова не се ставови и мислења на опозицијата во Гази Баба туку факти во кои секој граѓанин може да се увери ако ја погледне програмата „Живот за сите“. Очекуваме дека и овојпат градоначалникот нема да не демантира бидејќи знае дека тоа е целосно бесмислено. Им порачуваме на граѓаните да истраат уште една година кога локалната власт во Гази Баба ќе биде превземена од ВМРО-ДПМНЕ која сериозно ќе се зафати со нивните потреби, се вели во соопштението.

Коронавирус