недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 35
home Скопје

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Се што им било ветено на жителите на Крњево, ништо не е исполнето од страна на Богдановиќ

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Се што им било ветено на жителите на Крњево, ништо не е исполнето од страна на Богдановиќ

Раководството на ОК Центар денес оствари средба со жителите на Крњево. Имавме можност да слушнеме дека се заборавени од страна на Градоначлникот Саша Богдановиќ. Се до сега што им било ветено ништо не е исполнето од негова страна.

На средбата беше посочено дека условите во кои што живеат не соодвествуваат на услови како во 21 век. Исто така жителите се пожалија дека канализацијата не е направена иако им било ветено дека истата ќе се направи во најскоро можно време и дека сеуште се служат со септички јами што е недозволиво како една од најбогатите општини во Македонија .

Можеше да се забележи дека куќите во кои што живеат се трошни а дел од нив се буквално пред распагање што покажува дека ” Животот “ кој го ветија никако да стигне до граѓаните. Граѓаните имаат голем проблем со инфраструктурата, хигиената,одржувањето на улиците. Буквално ништо не функционира во нивната населба
Ова се само дел од нивните проблеми со кои тие се соочуваат секојдневно. Ваквото неработење на Богдановиќ покажува дека општината не се движи кон “Прав Пат“ и треба што поскоро оваа власт да си замине за да може да дојде до “ Обнова“ на сите пори во општеството.