Од утре, 14.08.2018 година (вторник) до 3.09.2018 година, поради геодетски мерења и вадење кернови од страна на „Геинг“ (Друштво за градежништво, промет и услуги), на потегот на булевар „Партизански одреди“ од раскрсница со булевар „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“ можно е забавување на протокот на јавниот превоз, информираат од ЈСП- Скопје.
-Автобусите и автобуските постојки ќе сообраќаат/функционираат вообичаено, но извесно е дека се можни одредени застои поради условите на терен. Ги молиме патниците за трпение, стои во соопштението од ЈСП.