вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 59
home Скопје

Од шофер до инспектор: Дали дружбата со функционери на СДСМ е главен критериум за драстично унапредување во Македонија?!

Од шофер до инспектор: Дали дружбата со функционери на СДСМ е главен критериум за драстично унапредување во Македонија?!

Лицето Димче Ташков на крајот од 2017-та година добива вработување како шофер во Град Скопје. Одлуката за давање согласност за преземање на вработени ја потпишува претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева, близок соработник на градоначалникот Петре Шилегов.

Финансиските средства за ова работно место, секако, се издвојуваат од џебот на граѓаните односно од Буџетот на Град Скопје, во овој случај за 2017-та година.

Но, според фотографиите и неговите активности Ташков е човек близок до високи функционери на СДСМ. Дали за партиските активности кои ги прави, тој добива драстично унапредување?

Така, се отвора основан сомнеж дали човекот кој може да го забележите во прегратка со министерката за правда, Рената Дескоска, во кафеана со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на кафе со градоначалникот Петре Шилегов, социјалдемократите го наградиле со висока функција?

Димче Ташков, според решение од 2018-та година, од шофер станува инспектор на Град Скопје, во одделение за комунална инспекција.

Вклучен е и во директни партиски настани, па по се изгледа дека на протести тој си го “одработувал“ унапредувањето за работното место за кое според извори во институцијата не е ниту квалификуван, ниту унапредуван по предвидените скалила.

Сопартиецот на Александар Кирацовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, сега зема драстично повеќе пари од џебот на скопјани.

Дали главен критериум за неговото унапредување е блискоста со функционери од партијата на Зоран Заев?