сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Скопје

Од понеделник против комарци ќе се прска од земја

Од понеделник против комарци ќе се прска од земја

Градот Скопје ги известува граѓаните дека терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.08.2020 година (понеделник) и ќе заврши најдоцна до 04.09.2020 година (петок), а ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Коронавирус