петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Скопје

Oд денеска може да аплицирате за субвенции за набавка на печки на пелети

Oд денеска може да аплицирате за субвенции за набавка на печки на пелети

Градот Скопје денеска го објави јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови – печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што ќе купат печки на пелети од денот на објавување на Јавниот повик, а заклучно со 21 мај 2018 година, ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Јавниот повик ќе трае 45 календарски денови од денот на објавувањето – поточно од 5 април 2018 година, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен. Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Интегралниот текст на Јавниот повик може да го погледнете на следниот линк:

http://www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни%20Повици/Јавен%20повик%20за%20пелети_2018.pdf