петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Скопје

Од денеска дежурни пунктови за деца во три скопски поликлиники

Од денеска дежурни пунктови за деца во три скопски поликлиники

Од денеска почнуваат да функционираат три дежурни пунктови во Здравствениот дом Скопје и тоа во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и во Ѓорче Петров, каде граѓаните најпрво ќе може да побараат здравствена помош за своите деца наместо да одат во Клиниката за детски болести или во Детската болница Козле.

Пунктовите ќе функционираат од понеделник до сабота од 19:30 до 07:30 часот, а лабораториите ќе работат секој ден до 23:30 часот. Во недела пунктовите ќе работат 24 часа, а лабораторииите ќе работат од 8 до 23:30 часот.

Во пунктовите ќе работат искусни лекари дополнително тренирани во сферата на педијатријата кои ќе можат во многу краток период заради близината во однос на местото на живеење да им дадат помош на децата на кои им е потребна. Лекарите ќе бидат и во постојана комуникација со дежурните на Клиниката за детски болести и Детската болница Козле и по потреба потешките случаи и оние на кои им е потребна болничка нега ќе бидат препраќани во овие две јавни здравствени установи

Коронавирус