четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 69
home Скопје

Обележани 10.040 квадратни метри хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари во Скопје

Обележани 10.040 квадратни метри хоризонтална сигнализација на градските улици и булевари во Скопје

Екипите на ЈП Улици и патишта коишто ја одржуваат сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници во текот на вечерните часови интензивно работат на обновување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари.

Во текот на изминатиот период обележани се вкупно 10.040 квадратни метри површина улици и булевари во градот, од кои 3.078 квадратни метри се рачно обележани, а 6.962 квадратни метри се машински.

Обновена е хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите во општините Центар, Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и во општина Сарај. Со бележењето обновена е бојата на полните линии, стрелки за насока, ознаките за автобуска постојка и пешачките премини.

Според однапред утврдената динамика од Град Скопје и Секторот за сообраќај екипите продолжуваат со обнова на хоризонталната сигнализација и на сите преостанати сообраќајници со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Коронавирус