вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 47
home Скопје

О2 иницијатива: Немаме мир од загаден, канцероген и ТОКСИЧЕН воздух низ ЦЕЛА ГОДИНА (ВИДЕО)

О2 иницијатива: Немаме мир од загаден, канцероген и ТОКСИЧЕН воздух низ ЦЕЛА ГОДИНА (ВИДЕО)

Една работа не може да направите како треба. Заробените дрвја не можете да ги ослободите, дека не знам што ви е проблем, немало да има луѓето каде да поминат на тротоарите. Па тоа само значи дека тротоарите не ви се како што треба и треба да ги проширите, а не да ги оставате дрвјата заробени за да изумрат и глумите нормалност и за таквите дрвја и таквите т.н. тротоари каде човек сам не може да помине, не па друго. За дрвјата што се сега во склоп на бизнисите на разните тераси и не знам ти што, тоа не смее да се чепка, дека тоа од дедо им посадено е, нивно, велат од О2 иницијативата за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

-Само што да се чудиме кога на крај од летово глетката на исушени дрвја во градов е насекаде, сè пожолтело предвреме, вклучувајќи го и градскиот парк, кој ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје / NP “Parqe dhe gjelbërime” – Shkup нели го одржува, исто како и зеленилото по градските улици и булевари. Еве гледаме како ги одржа, ги десеткува. Трагедија. Ваква негрижа за децениски дрвја се граничи со малоумност и идиотизам. Тука и општините со своето неодржување спаѓаат.

Одозгора на сè, каде немаме мира од загаден, канцероген ТОКСИЧЕН воздух низ ЦЕЛА ГОДИНА, возилата на ЈП Комунална хигиена Скопје, што се движат по тротоарите и вело патеките за да т.н. ги исчистат, уште повеќе загадуваат, да не може човек ни таму раат да пројде.
Пред месец дена прокружи едно видео со исто вакво возило кое остава облак прашина позади себе (https://www.youtube.com/watch?v=VAT4vTQCFs8).

ТРГНЕТЕ ги овие дополнителни распрашувачи на прашина и загадувачи на воздухот! Слично возило кое демек ја чистеше улицата во близина, освен огромна бука и дигање прашина додека вртеа четките, не видовме друго.

НЕ СМЕЕТЕ да трошите граѓански пари за вакви возила кои само дополнително ја загадуваат средината! Аманте веќе едно нешто направете го како треба. Лудница да беше повеќе смисла ќе имаше, стои на Фејсбук страницата на О2 Иницијативата.