недела, 27. септември 2020. Вести денес: 23
home Скопје

Новогодишна „честитка“ – од среда, паркингот во Општина Центар поскап за 20 денари од час!

Новогодишна „честитка“ – од среда, паркингот во Општина Центар поскап за 20 денари од час!

Од среда 8. јануари, паркингот во Општина Центар е поскап за 20 денари.  Според одлуката, цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе се покачат за 20 денари. Одлуката за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, била едногласно изгласана, велат од општината.

ЈП Паркинзи на Општина Центар не заборави и да апелира до сите граѓани кои не се жители на Општина Центар да ги оставеле своите автомобили и да го користеле повеќе градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети и т.н.) со кој значително ќе се решел сериозниот проблем со паркирањето во Општина Центар, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.

Коронавирус