среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 53
home Скопје

Ново осветлување во трговскиот центар во населбата Лисиче (ФОТО)

Ново осветлување во трговскиот центар во населбата Лисиче (ФОТО)

Трговскиот центар во населбата Лисиче доби целосно ново осветлување.

Старите и дотраени светилки се заменети со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни.

За новото осветлување се издвоени 2 милиона и 200 илјади денари од општинскиот буџет.

-Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да се грижи за подобрување на условите за живот на своите жители, велат од општината.