среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Скопје

Нова „Дрисла“ се појави на обиколницата, Шилегов се фали со неговиот инспекторат, граѓаните револтирани

Нова „Дрисла“ се појави на обиколницата, Шилегов се фали со неговиот инспекторат, граѓаните револтирани

Град Скопје и Општина Ѓорче Петров немаат слух за проблемите на граѓаните – се жалат жителите кои се соочуваат со проблемите од дивата депонија кај Обиколницата, во близина на Волково, пренесува Република.

Пријавено е во Инспекторат на Град Скопје, директно кај директорот Мирослав Богдановски. Од таму испратија екипа од тројца инспектори кои дојдоа на 10 јануари. Фотографираа и тука заврши се. Не можеле ништо да направат. Ни рекоа сами да сме си нашле решение, не упарија во Сектор за Комунални работи. Тој сектор е под Град Скопје, како што е и инспекторатот, но нема интерес за решавање на проблемот – велат жителите од овој крај.

Група револтирани граѓани побараа помош од еколошките здруженија и медиумите. Велат доаѓа лето, депонијата ќе шири и смрдеа и зарази, а градот како надлежен, заедно со комуналната инспекција и Општина Ѓорче Петров мува не ги лази.

-Со мал прст не се мрда за да се расчисти овој ужасен дел. Од ден на ден депонијата станува се поголема, секојдневно се фрла шут, смет, различен отпад кој е извор на разни инфекции и се шири ужасна смрдеа. Тука шетаат и се хранат кучиња скитници, низ ѓубрето бездомници бараат работи кои може да им се најдат. Се шири зараза – се жалат жителите кои долго време низ институциите бараат помош за проблемот.

Депонијата се наоѓа на клучката каде жителите на Воклово се вклучуваат на обиколницата. Велат сметот се разнесува и низ Волково со што се зарозува здравјето, пред се на децата, но и на сите жители од овој дел.

Вчерашната изјава на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој се пофали од резултатите на инспекциските служби, само го зголеми револтот кај граѓаните…

Целата вест на Република.

Коронавирус